ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани ќе ги дишат лампионите

by Fokus

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, работа која Градот Скопје треба да ја врши редовно, затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот. А Шилегов се фали дека е подготвен за снег, во ситуација кога има најмалку четири општини во Градот Скопје во моментов во кои загаденоста е на највисоко ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз кој најголем дел од граѓаните на Скопје не можат да си го дозволат, па се принудени да се гушат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици по животот од нечистиот воздух, за што Шилегов нема мрднато со прст.

Шилегов потроши три години на сликање и терање пропаганда, а  не реализираше ниту еден од проектите кои ги вети на скопјани. Урбанистичкото насилие продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, има се повеќе сообраќајни гужви, а ветувањата како „Град без смог“ остана во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони“, додаваат од опозицијата.

Поврзани новости