Скандалозно е тоа што се проектирале и се започнало со изградба на мостови без да се решат клучните прашања кои што се однесуваат на експропријација и имот на приватни земјишта, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на СДСМ дека е скандалозно што Данела Арсовска нема да ги заврши започнатите мостови.
-Па овие мостови сега завршуваат во нечии приватни двор и приватни куќи без да има решение инфраструктурно за овие проблеми, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања за обвинувањата на СДСМ.
За БРТ, како што го нарече Андоновски проект без проект, посочи дека станува збор за мегаломански проект кој е недоволно испланиран, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков начин ан раководење со градот.