ВМРО-ДПМНЕ: СЈО сака да го елиминира ВМРО-ДПМНЕ, тие наскоро ќе одговараат за своето однесување

by fokus

„СЈО води процес, чија цел е политичка, а не правна, и притоа без да има какви било докази се води хајка против цела една партија. Стотина лица од клучните тела на ВМРО-ДПМНЕ се политички обвинети, без постоење докази“, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СЈО се претворило во канцеларија на СДСМ и додаваат дека  брзо ќе дојде времето кога сите кои ги повредиле процедурите, законите и нанеле зло, ќе одговараат за своето однесување.

„СЈО е алатка за присила врз ВМРО-ДПМНЕ затоа што цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше на браникот на одбраната на државните и националните интереси на Македонија, одолеа многу притисоци и закани. Во наредниот период секогаш кога ќе се појават теми за решавање на проблемот со името и договор со Грција, штетниот договор со Бугарија, редефинирање на државата, продажба на ЕЛЕМ, штетни и криминални договори, законот за јазици ќе стане тема и ќе се активира СЈО. Тоа е нивната димна завеса“, се додава во соопштението.

Поврзани новости