ВМРО-ДПМНЕ се огласи со реакција на денешната прес-конференција на СЈО на која беше презентирана новата истрага „Труст”, во која главни осомничени се Сеад Кочан и Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ кои се сомничат дека со лажни документи искеширале 17 милиони и 200 илјади евра од тендер на ЕЛЕМ.
Од ДПМНЕ со исти обвинувања. Велат дека СЈО работи по нарачка на Зоран Заев и дека новата истрага како и сите останати, биле измислени.
-Секогаш кога Заев е во паника, се активира СЈО. Затоа Катица Jанева излегува на прес конференции со измислени и фабрикувани случаи. Мислат дека така ќе го покријат срамот што и го нанесуваат на земјата – изјави Драган Данев од ДПМНЕ.
Тој додаде дека СЈО ги штитело криминалците кои заговарале граѓанска војна, украински сценарија и „крв до колена”.