СЈО ќе бара притвор за двајца осомничени во „Труст“

by fokus

Специјалното јавно обвинителство денеска ја претстави новата истражна постапка под име „Труст“ во која првоосомничен е сопственикот на Трансмет, второсомничен е раководител  во Силекс неметали  и третоосомничен е сопственикот на Бато доо-Студеничани.

-Во текот на денешниот ден ќе побараме одредување мерка притвор за две од осомничените лица, рече обвинителката Ленче Ристоска одговарајќи на новинарско прашање.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, се работи за голема злоупотреба на системот за јавни набавки, конкретно за ископ на јаглен во Суводол-Битола, при осомничените  договориле свесно изигрување на законот и му овозможиле на првоосомничениот првоосомничениот повеќе милионска добивка, оштетувајќи го Буџетот за 17 милиони евра.

Поврзани новости