Едно семејство е завиено во црно затоа што криминалните банди дивеат без никој да ги контролира. Младиот фудбалер Мартин Јанушев најбрутално е убиен со пет куршуми пред кафуле на очиглед на многу минувачи и сведоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Поминува и четвртиот ден од грозоморното убиство на млад човек, а убиецот се уште се шета на слобода. Кој му го овозможи тоа и зошто? Ова е круцијално прашање на кое што нема одговор во моментов. Целата јавност веднаш по убиството веќе говореше кој е сторителот, а МВР молчеше и не превзеде ништо. Дали е тоа заради блискоста на криминалците со владеачката гарнитура и заради долговите што СДС има да ги враќа за се што овие одработуваа за нив претходниот период? – прашуваат од опозициската партија.
Од таму додадваат дека се погласни се информациите дека убиецот и луѓето околу него се засолниле во една соседна земја.
– Демант на овие информации нема, како што немаше ниту соодветна реакција од страна на полицијата водена од партискиот потпретседател на СДС, Оливер Спасовски веднаш по убиството. Зошто веднаш по убиството не беше направен обрач? Зошто веднаш по убиството, убиецот не беше ставен на стоп листа? Кога убиецот ја поминал границата и на кој граничен премин? Со чие возило? Кој го изнел од Скопје? Ова се прашања кои ќе имаа одговор доколку полицијата работеше професионално, а не по партиска наредба. Ова се прашања кои немаше потреба да се поставуваат, доколку СДС не е во спрега со криминалното подземје и доколку сторителот беше веднаш приведен – се наведува во партиското соопштение.