На сметката на Општина Штип нема доволно пари за да се исплатат вработените, тврди Бочварски

by fokus

Над еден милион денари или нешто повеќе од 16.000 евра недостигаат за општинската администрација навреме да ја земе својата плата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На сметката на општина Штип на 31 октомври, кога претходниот градоначалник си заминал имало 4.352.838 денари, но во рок од само два дена, односно до 3 ноември извршена е исплата кон градежни фирми во износ од над еден милион денари.

– За околу еден милион денари е испразнета сметката откако е направен извештајот, со кој е излажана штипската јавност. Затоа денеска службите ме информираат дека вработените не можат да земат плата, бидејќи овие пари не се доволни за да се исплати платата, која веќе доцни – вели Бочварски.

Тој истакна дека веќе од негова страна се прават напори за да се обезбедат средствата за општинската администрација да си ја добие заработената плата.

Бочварски вели дека деновиве се очекува плата да добијат и околу 400 вработени во штипското комунално претпријатие „Исар“, каде што на сметката недостасуваат уште три милиони денари.

Поврзани новости