ВМРО-ДПМНЕ: Системот е закочен, нема пасоши, регистерски таблички и свидетелства

by fokus

Нема пасоши, регистарски таблички и свидетелства, со Заев државата не функционира, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата обвинуваат дека државниот апарат под капата на Заев буквално не може да ги пружи услугите кои со закон е должен да ги врши.

-Илјадници граѓани цел месец не можат да извадат патна исправа, а Спасовски вели дека нема проблем. Системот е буквално закочен и не функционира. Нема ниту регистарски таблички. Граѓаните чекаат и по повеќе од три недели за таблици. Наместо таблици добиваат потврди за движење кои важат само за Република Македонија, но не и за надвор од државата. Тие што имаат потреба од патување во странство, а купиле ново возило тоа не можат да го сторат затоа што Заев и Спасовски не си ја вршат работата. Најголема трагедија е тоа што владата не обезбедила ниту свидетелства за учениците, па наместо бесплатно, училиштата ги наплаќаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости