Македонскиот премиер Зоран Заев се пазарел со отстапки со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на тајна средба за време пред вториот круг од претседателските избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали Република Македонија и натаму ќе се редефинира, дали ќе се исцртуваат нови граници? Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба“, стои во партиското соопштение.
Воедно, од таму бараат промени и на предлог-законот за попис.
„Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броеви. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава“, се наведува во соопштението на ДПМНЕ.