-Желбата на Шилегов да го диктира работењето на Анкетната комисија, се додава, е во склад со демократскиот капацитет на неговата партија. Сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата Анкетна комисија да е негова приватна сопственост и играчка. За него не постои ни деловник за работа на Собранието, ни деловник за работа на Комисијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на пресконференцијата на Шилегов кој јавно го повика Груевски да сведочи пред Комисијата за скандалот со прислушувањето во среда.
Од владејачката партија велат дека Шилегов за ситни политички поени се обидувал да манипулира и лаже, и покрај тоа што како претседател на Комисијата ги знаел „сите податоци кои треба да ги знае“.
-Шилегов не успеа да одолее на приликата барем за кратко да се почувствува како сопственик на Анкетната комисија и да си ја реализира јавно искажаната желба неговиот глас да вреди повеќе од сите останати, желба која не му се оствари, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.