ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов пушти булевар изграден во време на Коце Трајановски

by fokus

Петре Шилегов пушти во употреба булевар изграден од ВМРО-ДПМНЕ. Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е проект кој е почнат во период кога со град Скопје управуваше Коце Трајановски, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури 90 одсто  од булеварот се изградени од претходникот на Шилегов, а Шилегов цели 11 месеци не може да ги заврши преостанатите 10 одсто. И кога ќе изјави Шилегов дека не знае што се правело во минатото во Скопје, очигледно тоа е само за камерите, а не му пречи да присвојува туѓи проекти, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости