ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов очајно се обидува да манипулира со „Пуч“

by Фокус

-Петре Шилегов очајно се обидува да манипулира со случајот „Пуч“, во кој постојат евидентни правни докази и признанија за вмешаноста на Заев во деструктивното сценарио со кое се обидува да се дограби до власта, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој оцени дека нема законска основа за формално изземање на јавниот обвинител Јован Илиевски од постапување по предметот „Пуч“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целосно бил разобличен планот на Заев, Верушевски и нивните соработници да ја втурнат Македонија во криза и на тој начин да ги остварат целите на странските центри, кои не и мислеле добро на Македонија, и притоа да дојдат на власт без избори.

Поврзани новости