ОН до Владата: Зборувате за подобрувања, а ништо не е променето

by Фокус

На денешното заседавање на Комитет против тортура во Обединетите нации од македонската делегација беше побарано да одговори дали ќе преземе мерки за тоа што независноста на судството е доведена во прашање, зошто велат дека има подобрување на условите во затворот во Идризово кога наместо 800, таму се сместени 1.600 затвореници и зошто државата не ги обезбедува правата на мигрантите.

-Во вашиот извештај зборувате за подобреност на затворот Идризово, но всушност ништо не е променето. Според нашите информации направен е за 800 затвореници но кон крајот на минатата година во него имало 1600 затвореници. Би сакал да добијам одговор зошто ситуацијата е лоша и покрај тоа што зборувате за подобрувања, изјави  Алесио Бруни од Комитетот против тортура на ОН.

ОН смета и дека скандалот со прислушување ја довел во прашање правичноста на политичкиот и правниот систем.

-Во некои од разговорите се дискутира за назначување на судија и со тоа се доведува во прашање независноста на судството. Дали ќе преземете некои мерки,  праша Феилс Гаер од Комитетот против тортура.

Македонската делегација, предводена од државниот секретар во Министерството за правда, Илија Ристовски, денеска пред Комитетот го презентираше четиригодишниот извештај за состојбата во земјава, а утре ќе треба да одговори на прашањата и острите критки од Комитет против тортура.

Поврзани новости