ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска ја кодоши Македонија во Франција

by Фокус

Покрај тоа што внатре во државата Шекеринска и нејзината партија спроведуваат политики што нанесуваат штета, сега дури и се обидуваат со вакви и слични кодошења да им помагаат на оние кои и го попречуваат европскиот пат на Македонија. Радмила Шекеринска наместо да ја кодоши сопствената држава требаше да ја искористи својата посета на Франција да ги застапува интересите на Македонија и својот народ, реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ на соопштението што го прати СДСМ по средбата меѓу Шекериска и висок претставник на Социјалистичката партија на Франција.

По оваа средба Социјалистичката партија на Франција издаде соопштение во кое ја обвини власта на Никола Груевски за демократски неуспеси во Македонија.

– Радмила Шекеринска можеше барем на средбата со француските социјалисти да објасни како е возможно во една толку кодошена Македонија да може да се живее елитистички живот на висока нога, да се стекне движен и недвижен имот кој вреди цело богатство, да се ужива во скапи забави и балови, да се купува скапа гардероба, луксузни чевли и чанти, да се наплаќа кирија од 5.317 евра за станот во кој живее, да се вози во скапи џипови и да се биде опозиционер како неа, стои понатаму во реакцијата на најголемата владејаќка партија – велат од владејачката партија.

(Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ го презедовме од колегите од друга редакција, бидејќи владејачката партија упорно одбива да ги испраќа своите соопштенија до „Фокус“)

Поврзани новости