Ескалира здравствената и економската криза во Република Македонија. Неспособноста на Зоран Заев и неговите соработници ја зема својата цена. Секојдневно се зголемува бројот на починати и заболени, а масовно тестирање нема. Расне бројот на инфицирани доктори, а заштитна опрема нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ не враќа 30 години назад во мрачните времиња на криминалната транзиција. Сликите кои граѓаните ги паметат, слики на илјадници граѓани оставени без извор на егзистенција повторно се реалност во нашата држава. Бавната и несериозна реакција на власта кога станува збор за помош на македонското стопанство и спас на работните места на граѓаните ќе значи колапс за економијата и висока стапка на невработеност, велат тие во партиското соопштение.
Според опозицијата историјата со СДСМ на власт ни се повторува, наместо помош за обичниот граѓанин на прво место се олигарсите и нивните милиони, наместо парче леб за народот Владата на СДСМ е фокусирана на тоа како да земе од граѓаните. Најавата за покачување на акцизата за горивата директно ќе удри по џебот на народот, буџетската дупка на Заев и на Ангеловска ќе се полни сo и она малку што му остана на народот.
-Потребни се брзи и одлучни чекори за спас на економијата затоа што секој час таа е се поблиску до колапс, а граѓаните се се поблиску да останат без извор на егзистенција, порачуваат тие преку партиското соопштение.