Кина одобри клиничко тестирање на две експериментални вакцини против коронавирусот

by Fokus

Кина одобри почетна фаза на тестирање на луѓе за две експериментални вакцини против новиот коронавирус од кој во светот починаа повеќе од 100.000, објави денеска новинската агенција Ксинхуа.

На развојот на вакцината работи кинеската подружница на Синовац Биотек (Sinovac Biotech)  и Институтот за биолошки производи во Вухан, подружница на кинеската државна фармацевтска групација.

Кина во март доби зелено светло за второто клиничко тестирање на кандидати за вакцина против коронавирусот, која ја развија кинеската воена академија за медицински науки и фирмата за биотехнологија CanSino Bio, набргу откако американскиот производител на лекови Modernа соопшти дека почнал со тестирање на вакцина врз луѓе заедно со американските национални институти за здравје.

Поврзани новости