ВМРО-ДПМНЕ: Се зависи од ДУИ

by fokus

 

На средбата со амбасадорот Чарлс Гарет и британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелните политички случувања и чекорите што треба да се направат во иднина.

ТУка, ДПМНЕ се пожалиле дека иако освоиле повеќе пратеници од СДСМ, тие не успеале да состават влада бидејќи го почитувале принципот „коалиција победник со победник” и преговарале со ДУИ, кои пак сега ги обвинуваат дека не го почитуваат истиот принцип.

– Бидејќи сме мултиетничка земја има едно правило кое што во минатото албанските партии бараа да биде и закон, а не само принцип. ВМРО-ДПМНЕ тогаш посочи дека е подобро да остане само на ниво на принцип бидејќи ќе беше многу невообичаено да се преточи во закон, а станува збор за правилото победникот кај македонските гласачи да мора секогаш да коалицира со победникот кај албанските гласачи. На тоа највеќе апелираше и инсистираше токму партијата ДУИ. На оваа тема имаа многу интервјуа и прес-конференции, особено што и меѓународната заедница нè советуваше тоа да го прифатиме како принцип. Сите тогаш посочуваа дека сме мултиетничка земја, дека не треба да гледаме како е во другите држави бидејќи кај нас е специфично, и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прифати и применуваше се додека зависеше од нас. Самиот претседател на ДУИ тврдеше дека ако не се земе најголемата партија кај Албанците во власта ќе има дефакторизација на Албанците во државата и газење на нивната волја. Сега за прв пат дојде обратна ситуација, сега од ДУИ зависи каква ќе биде идната влада – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости