-ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува агресијата која токму СДСМ ја прави врз општина Центар и бескрупулозното узурпирање на општинската власт. СДСМ ја киднапира општина Центар и ја користи исклучиво за свои партиски и политички цели. Добро е што застанаа зад Андреј Жерновски, за јавноста да види дека ова беззаконие и расипништво кое се практикува во Центар е заедничко на СДСМ и ЛДП, реагира владејачката партија на пресконференцијата на претседателот на Општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека општина Центар била најдобар пример за тоа како СДСМ работи и за две години општината станала синоним за „неработење, бадијалџење, немање проекти, непотизам, прескапа шминка за Боемска улица, подигрување со луѓето со праќање па стопирање на булдужери, партизација на администрацијата, нестручност и непрофесионализам.“