Алсат М: ДУИ ќе отвора нов универзитет во Скопје

by Фокус

Во неможност да го реформира и обнови Државниот универзитет во Тетово, ДУИ и нејзиниот министер Абдилаќим Адеми, планираат да отворат нов државен универзитет во Скопје, објави телевизијата Алсат М.

Според телевизијата, идејата требало да се промовира овој период, но политичкиот договор постигнат пред неколку недели меѓу политичките партии со меѓународно посредство, ги одложило плановите во партијата на Ахмети.

ДУИ, според извори на Алсат М, веќе ги има избрано и кандидатите кои ќе го водат и ќе работат на овој универзитет . Како носител на проектот се споменува поранешниот министер за образование Азис Положани, потоа Ризван Сулејмани, како и пратеничката Ермира Мехмети.

Поврзани новости