375
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе присуствува на парламентарната седница во петок за реконструкција на владата, која, според ДПМНЕ, не може да го реши проблемот дека на власт е неспособна гарнитура што не ги исполнува ветувањата и не знае да испорача резултати.
-Се работи за јалова реконструкција, се работи за една влада којашто нема идеја и нема резултати. Се работи за влада којашто нема исполнето ниту едно од своите клучни ветувања. Во Македонија година дена наназад една шајка не е закована, една бандера не е направена, а беа ветени брда и долини. Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ се разочаруваат од Зоран Заев и неговите министри – рече Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.