Додека СДСМ се занимава со лаги, манипулации, црни сценарија и се обидува да го руши уставниот поредок, Владата продолжува да носи мерки во интерес на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на барањето на СДСМ за повлекување на законските измени за плаќање на придонеси на хонорарите и за трансформација на авторски и други договори во договори за редовен работен однос.
„Најновите измени во делот на законот за хонорарци се донесени врз база на консултации со државни институции, доставени забелешки на граѓани и организации кои беа прегледани и имплементирани. Покрај значајните придобивки што ги нудат измените, како обезбедување на пензиски стаж за пензија овозможувајќи мирна и сигурна старост, односно повисок износ на пензија, лицата задолжително се осигуруваат од ризиците на старост, инвалидност, смрт и здравствено осигурување. Овие измени исто така се во насока на зголемена заштита на правата на работниците и нивниот статус, соопштија од владејачката партија.