Студентски пленум: ГРОМ му забранил на свој член да учествува во „окупацијата“ на Универзитетот

by Фокус 16:56
16:56

Студенскиот пленум на својот фексбул профил соопшти дека еден од нивните другари и колеги не можел повеќе да учествува во „окупацијата“ на Универзитетот поради забрана од страна на партијата во која членувал – ГРОМ на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

„Кога нашите другарчиња што не подржуваат и доаѓале на маршовите рамо до рамо заедно да се бунат за она што им смета, наеднаш не можат да бидат онаму каде што највеќе припаѓаат поради партиската забрана. Се работи за партијата ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија. Жалосно е кога поради личните и алчните интереси на поединци се носи одлука за забрана на цела партиска група. Не се плашете, дојдете ќе пркосиме и ќе се бориме заедно за она што е праведно и што го заслужуваме“, стои во објавата на социјалната мрежа.

1

- Advertising -

 

2

Поврзани новости