440
Уште еднаш крајно безобразно и неодговорно СДСМ се обидува да го девалвира Уставниот суд, државните институции и угледот на Република Македонија, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека Уставниот суд е под влијание на владејачката партија.
-СДСМ мора со афери да ја покрива сопствената непсособност, отсуството на програма и ниту една позитивна порака на СДСМ кон народот. Затоа СДСМ наместо да се посвети на идеи и проекти, се посветува само на фабрики за афери. Тоа кристално чисто ја покажува лицемерната политика на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека се уште цврсто стојат зад ставот во врска со актуелната иницијатива пред Уставниот суд и велат тоа не е променето од 2009 до сега.