-СДСМ со своите лаги стануваат бескруполозни, безобразни и сакаат граѓаните при очи, да ги направат слепи. Впрочем СДСМ и Локвенец губат допир со реалноста и држат партиски прес конференции во затворени кругови по штабовите, а Груевски е на терен со граѓаните и во само еден ден промовираше проекти во вредност од над 1 милион евра корисни за граѓаните на Прилеп и прилепско, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција на Хари Локвенец кој рече дека Груевски е непожелна личност во Прилеп.
Од владејачката партија велат дека Локвенец очигледно не разбирал дека со последните локални избори, како и со парламентарните избори, прилепчани му покажале дека тој е непожелна личност во Прилеп нанесувајќи му огромен пораз нему и на неговата партија.
-Болната вистина за СДСМ е дека тие не само што не направија ништо корисно за прилепчани и за градот, туку и го уништија и она веќе постоечкото. Да не заборавиме дека и оставија пустош со криминалната приватизација каде што граѓаните ги оставија на улица. Ридтекс, Политекс, Билјана, Солидност, Партизанка, се само дел од фабриките кои се опустошени од СДСМ, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.