Од владејачката партија се огласија на реакциите од СДСМ против одлуката за отворање нов универзитет во Скопје, која денеска по брза постапка беше донесена во Собранието.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ биле против подостапно високо образование во Македонија и сакале да одлучуваат кој треба, а кој не смее да се школува во државата.
-Истата реторика против основање на нов државен универзитет ја имаше и во 2007 година при основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. И тогаш СДСМ паѓаше во транс против отворањето на универзитетот кој денес е втор по квалитет во Република Македонија, исто како што денес не може да прифати, а камо ли да ја поздрави одлуката за основање на нов државен универзитет – стои во партиското соопштение.