Крајно лицемерно е СДС да зборува за професионалност во полицијата, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Оливер Спасовски кој најави реформи во МВР.
-Веќе видовме како СДС се однесува кога има контрола во некој ресор. Оливер Спасовски направи брутална и противзаконска партизација на полицијата. Незаконски го унапреди сопругот на Фросина Ременски за 4 позиции, ги разрешуваше командирите на полициските станици а на нивно место назначуваше партиски кадри. Притоа за тоа време не направи една полициска акција против криминалот. Додека беше министер за внатерешни работи Оливер Спасовски се фотографираше со припадници од подземјето, со фалсификатори како Чауш и со криминалци кои му одработуваа на теренот, се вели во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во нивно време биле набавени нови 250 возила за полицијата, хеликоптери, нова опрема, лаборатории.