Вечерва се печати Службен весник со одлуката за изборот на Талат Џафери

by fokus

Иако беше неизвесно, сепак Службен весник ќе ја објави одлуката дека Талат Џафери е избран за нов претседател на Собранието, дознава А1он.

Одлуката дека е претседател на Собранието се печати вечерва, а ќе се појави во текот на утрешниот ден.

Во медиумите се шпекулираше дека ќе има опструкции и од печатницата која за два дена оди во стечај, но сепак, „Графички центар“ одлучиле последниот број кој ќе се печати кај нив да го сработат вечерва по што „Службен весник“ ќе мора да објави нов тендер, во кој ќе се бара печатница.

Поврзани новости