Заев: Нема да бркаме административци од работа

by Фокус 14:58
14:58

СДСМ денеска го одржува деветнаесетиот партиски Конгрес на кој ќе се разговара за програмата со која партија ќе излезе на изборите во април. Во воведниот говор пред делегатите, партискиот лидер Зоран Заев рече дека главна цел ќе биде обезбедување на економска сигурност на граѓаните, бидејќи тогаш може да има борба за демократија и слобода.

-Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство. Административните службеници нема да бидат бркани од работа, но каде што има превработеност ќе има реорганизација по претходно направена анализа, рече Заев.

- Advertising -

Лидерот на опозицијата вети воведување на флексибилно работно време и институции отворени за граѓаните до 20 часот.

Поврзани новости