-Во време на СДСМ пристапот до интернет беше 9%, а сега е 70%. Тогаш немаше, а сега има компјутери во сите основни и средни школи. Тие не даваа, а ние даваме ваучери за студентите да набават таблет компјутер. Цената на телефонскиот импулс сега е за 80% поефтина отколку во време на СДСМ. Има дигитална телевизија и 4G мобилна телефонија, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на СДСМ дека министрите почнале да го напуштаа Груевски, откако министерот за информатичка технологија, Иво Ивановски, најави дека ќе си замине од функцијата.
Од владејачката партија велат дека во времето на СДСМ немало ни „и“ од информатичка технологија, „освен срамниот скандал на Шекеринска и тендерите кои ги добиваше Семос“. Додаваат дека токму поради ова, но и поради сите проекти кои сегашната власт ги работела, СДСМ ќе загубела на изборите во април.
-СДСМ нека продолжи со својата зачмаеност, ние продолжуваме со работа на над 2000 проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.