СДСМ: Поддршката за СДСМ од европратениците дополнително го нервира осамениот Груевски

by Фокус

-Стравот на медиумските курири на Никола Груевски од присуството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во јавноста и помеѓу граѓаните се граничи со параноја. Затоа медимските курири секојдневно измислуваат и објавуваат лаги, целосно неточни информации и конструкции, реагираат од СДСМ на пишувањата на провладините медиуми.

Од опозициската партија велат дека врв на паранојата биле денешните измислици дека претседателот на СДСМ го нема во државата, објавени веднаш по официјалната најава за средба на претседателот Заев со висока делегација предводена од европратеникот и почесен претседател на Либералната интернационала, Јоханес Корнелис ван Бален.

-Силната поддршка за СДСМ и опозицијата од социјалистите, социјалдемократите и од групата на либерали и демократи во Европскиот парламент дополнително го нервира осамениот Никола Груевски, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости