Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагираат, обвинувајќи ја СДСМ дека молчи на изјавата на Талат Џафери дека седниците ќе ги води на албански јазик.
„Криминалецот Заев и СДС, освен што ги измамиja граѓаните и ја погазија нивната волја, ги погазија и Уставот, Деловникот и законите, а сега молчат и ги поддржуваат провокациите со кои почнува реализирањето на Тиранската Платформа. СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на Претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик – се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.