ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира, грижата за Прилеп се покажува со дела

by Фокус

Откако денеска пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец излезе и побара оставка од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески по вчерашните објавени аудио-снимки на Зоран Заев за изборните нерегуларности, со експресна реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, освен деструктивни дејствија, манипулации и обид за извртување на вистината, од СДСМ никој не очекува ништо друго.

– Вашето сценарио за дестабилизација и назадување на државата е веќе разобличено и тоа со признанија, на дел од извршителите дека нелегално се вршело прислушкување.Во целата оваа ситуација, разочарува фактот дека за да дојдете на власт би го уништиле и сопствениот град и Република Македонија. Грижата за Прилеп и прилепчани се покажува преку дела, граѓаните сакаат светла иднина, а не црни сценарија. Инвестициите во образование, комплетно реконструирани училишни згради,изградба на спортски сали и игралишта, реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во градот се мал дел од проектите со кои ВМРО-ДПМНЕ ја покажува грижата кон своите сограѓани – се наведува во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Прилеп.

 

Поврзани новости