ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ конечно почна да размислува малку како нас

by Фокус

-Мило ми е што СДСМ конечно почна да размислува малку како ВМРО-ДПМНЕ и почна да предлага закони во Собранието на Република Македонија. Разликата меѓу нас и нив е тоа што ние кога ги предлагаме законите ги работиме студиозно, бидејќи сметаме дека секој закон треба добро да се обработи пред да се пушти во Собранието, изјави заменик- координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Собранието, Зоран Илиоски, откако Сугарески од СДСМ рече дека ДПМНЕ лицемерно краде проекти од нив.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е добро што СДСМ изразиле задоволство за предложениот закон и дека ќе гласаат за него, и ги повика „да си опстојат на таа нивна изјава бидејќи во минатото многу често знаеја едно да кажат од сабајле, а попладне да го променат ставот“.

-Инаку, кој краде и кој има идеи, се гледа од досегашното работење на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата работа, нашата програма се состои од идеи кои што ги прибираме од страна на граѓаните и тоа во овој момент го работиме и се подготвуваме за наредната програма и наредните избори кои што ќе се случат на 24 април следната година, рече Илиоски.

 

Поврзани новости