Шилегов: Сите се плашат да се соочат со содржината на прислушуваните разговори

by Фокус

-Очигледен е фактот, очигледен е стравот дека никој не може да се соочи со Комисијата во смисол на содржината од прислушуваните разговори. Денеска требаше да бидат присутни тука Протуѓер и Ставрески. Да можеме да разговараме за она што целата јавност го слушна, а тоа е за фрлањето луѓе во ендеци, за местењето избори, за чоколадите на Ставрески, или пак за стан купен на определено суштество, и определени други низи на факти коишто беа преточени пред целокупната јавност, изјави претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Петре Шилегов.

Тој вели дека Комисијата не може да биде и нема да биде партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ и ќе заседава секогаш јавно, секогаш транспарентно, секогаш во присуство на јавноста.

-Согласно деловникот и онака како што беше свикана утре очекуваме да се одржи седница или ќе најавиме обид да се одржи седница за сослушување на Сашо Мијалков и во понеделник на Гордана Јанкулоска. Согласно деловникот ќе го проследиме барањето на ВМРО-ДПМНЕ, да биде сослушан Никола Груевски во понеделник, рече Шилегов.

Поврзани новости