466
Граѓаните немаат никаква корист од лагите и празните ветувања на СДСМ. За 8 месеци владеење со државата СДСМ успеа да ја задолжи државата за цела милијарда евра, а притоа има отворено нула инвестиции и нула нови работни места, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактите говорат дека компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува од своите погони во Охрид. Компаниите „Мурат вајаринг систем“, „Чагатај“ и „ВИК“, своите одлуки за инвестиции ги донесоа во време на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека четири од компаниите кои ги прикажуваат дека ќе инвестираат или се веќе присутни во Македонија или чекаа со месеци Владата на Заев и на Анѓушев да дадат согласност – се наведува во соопштението од опозицијата.