ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изрекува затворски казни за искажан став, цензурира емисии, заплашува новинари

by Fokus

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја обвини власта дека со секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите, ја задушува медиумската слобода.

-СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите. Се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари. Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав без никој да сноси одговорност за тоа – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости