ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев со платежната картичка вршат поткуп

by Fokus

СДСМ не знае како да се справи со пандемијата и во државата се случува тотален хаос. Ниту знаат што да прават на здравствен, ниту на економски план. Се фалеа со економски мерки кои беа задоцнети и не беа од никаква помош бидејќи илјадници граѓани останаа беа примања, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Платежната картичка со која тие се фалат е класичен поткуп. Знаат дека ги очекува пораз па сега на овој начин се надеваат дека ќе купат некој глас. ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп, власта во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, порачуваат од партијата.

Поврзани новости