842
СДСМ и Заев се тие кои се против Европската Унија за да може да крадат и да не одговараат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако СДСМ го обвини Христијан Мицкоски дека е против ЕУ.
„Зоран Заев и СДСМ се против Европската унија затоа што склопуваат бизнис зделки со анти-ЕУ бизнисмени во вредност од 200 милиони евра во Тетово. Зоран Заев и СДСМ се против Европската унија затоа што ја поскапеа електричната енергија и на шверцерски го осиромашуваат народот. Тие се против Европската унија, затоа што се мафија која 4 години не држи надвор од Европската Унија и исто време се претставуваат како лажни европејци, а во исто време не престануваат да крадат и лажат, распродаваат, понижуваат и засрамуваат“, стои во партиската реакција.