Откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска го промовираше проектот „Визијата за Македонија“, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ одржа пресконференција на која рече дека Заев ветува се и сешто и тргнува по стапките на Црвенковски.
-Како и неговиот славен претходник, кој ветуваше по еден вработен од секое семејство, така и Зоран Заев чекори по истите политички стапки, ветувајќи се и сешто, и она што е остварливо, уште повеќе неоствраливо, и тоа што е реално и нереално, само и само да се дојде до власта и да се изманипулира еден гласач за глас повеќе. Тое е недоговорно политичко однесување кое СДСМ го има како своја традиција, рече Милошоски.
Тој додаде дека Заев ветувал и реални и нереални работи затоа што бил соочен со изборен пораз, а сите во СДСМ биле исплашени од големиот број на проекти што ги спроведувала власта на ДПМНЕ.
-СДСМ и особено раковотството на оваа партија се исплашени од големиот број на конкретни мерки и проекти кој што се спроведени од оваа Влада, како што се зголемување на платите, пензиите, градењето на автопати, градењето на нови училишта, реконструкции на болниците, проектот Македонија вработува, легализација на дивоградбите, по достапно и поефтино образование, нови апарати за здравството, субвенциите за земјоделците, достапните кредити за домашните компании и илјадници други проекти со кои им се помага на граѓаните во сопствениот живот, се пофали Милошоски.