„СДС и понатаму се однесува како опозиција, со крајно неодговорни и конфузни изјави. Тие покажуваат колку не го ценат земјоделството и трудот на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјоделците се соочувале со слични непогоди излегувала во пресрет и штетите ги покривала 100%“, рече на денешната прес-конференција Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, земјоделците се соочуваат со огромни штети поради временските неприлики, а засега нема никакви најави за нивна целосна отштета.
„Министерот на СДС, Љупчо Николовски, со денови се крие и ги одбегнува овоштарите, кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија“, додава Тренов.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ во текот на кампањата им ветувала на земјоделците дека ќе им биде поддршка,но дека по влегувањето во своите кабинети, веднаш ги заборавила.
„Очекуваме дека ветувањата на СДС за земјоделството нема да останат само празни ветувања на хартија и една голема лага“, додава Тренов.