ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не молчи и да ги осуди ставовите на Шиндре

by fokus

СДСМ молчи, не ги осудува и не се дистанцира од ставовите на Никола Шиндре искажани преку колумна која наиде на поддршка кај голем број учесници на „Шарената револуција“ и поддржувачи на СДСМ, преку која се повикува на омекнување на законските санкции за педофилијата и се релативизира истата како наводен нагон, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку нивното утринско соопштение до медиумите.

„Одобрувањето и молчењето за ваква тема, значи прифаќање на ставовите на Шиндре. Општество кое сака добра иднина и здрави генерации, мора да ги осуди ваквите и слични ставови со кои се загрозува безбедноста и животот на децата. Токму затоа СДС и сите други политички чинители не смеат да го премолчат овој настан.

Тој треба да биде осуден од сите за во иднина никој да не се осмели да релативизира кривично дело со кое се уништува животот на неговите жртви. Неосудувањето на ставовите за поддршка за педофилијата од СДС значи прифаќање на ваквите ставови.

Одговорноста на СДС како партија што ја води Владата на Република Македонија е уште поголема, бидејќи неосудувањето ќе значи официјално одобрување“, велат од партијата.

Поврзани новости