СДС ја има одговорноста да се грижи за земјоделието и не смее поради несериозен пристап да страда основната гранка за егзистенција на многу семејства во државата, реагираат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
– Земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на праски и ситуацијата е алармантна. Додека министерството за земјоделство беше раководено од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016-та година за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци кои ги покриваа трошоците од временските непогоди кои им штетеа на производите, се додава во партиското соопштение од ВМРО ДПМНЕ. Земјоделците поради важноста на оваа гранка секогаш беа приоритет на владите на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме имале слух и сме ги решавале проблемите правовремено – се наведува во партиското соопштение.