Кумашинот на Мијалков, Луковски си заминува од Телеком

by fokus 11:27
11:27

Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главниот оперативен директор на Македонски Телеком, Жарко Луковски ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата поради завршување на неговиот менаџерски договор заклучно со 30 јуни годинава, објави порталот Фактор.

Во раководството на Телеком се прави уште една промена и досегашниот Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, Назим Буши ќе биде Извршен член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком во временски период до 3 месеци, почнувајќи од 1 јули годинава.

- Advertisements -

Луковски беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија, а во 2015 за Главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Жарко Луковски во јавноста е уште познат и како кумашин на Сашо Мијалков, екс директорот на УБК. Тој беше и втор сведок на свадбата на Камчеви. Но, тука не завршува односот кум-кумашин меѓу Камчев, Мијалков и Луковски. На свадбата на извршниот директор на Т-мобиле со неговата сопруга Ивана пред две години, кум е ексшефот на ДБК, Мијалков. Луковски, исто така, е дел од „бомбите“ каде што можеше да се слушне како се заканува дека ќе отпушта вработени од работа што нема да гласаат за владејачката партија.

 

 

Поврзани новости