Нервозата поради поразот ја покриваат со наместени анкети и вршат масовни злоупотреби на државните ресурси во изборната трка. Тоа значи дека се нелагодни и знаат дека ја немаат поддршката од граѓаните, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Спротивно на закон министрите наместо на работа за што се платени од граѓаните и земаат плата, тие се во партиските штабови на СДС. Наместо со сопствени возила тие користат државни ресурси. Дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници. Власта покажува неспособност да менаџира со процесот на избори. Секој ден паниката е се поголема во редовите на СДС затоа се ближи поразот од граѓаните – се наведува во партиското соопштение на ДПМНЕ.