ВМРО-ДПМНЕ: СДС на незаконски начин разреши дури 60 директори

by Fokus

„Неодговорната влада на СДС продолжува со влегување од скандал во скандал, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Масакрот во македонскиот здравствен систем кој го спроведува неспособниот СДС добива загрижувачки димензии врз потребите и здравјето на граѓаните. До сега СДС успеа на незаконски начин да разреши дури 60 директори на здравствените установи со што ги руши професионалноста и функционалноста во здравствениот систем, за на нивно место да постави партиски послушници, од кои некои се докажани митаџии – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости