ВМРО-ДПМНЕ: СДС е најголема штета што и се случила на македонската економија

by fokus

СДС е најголемата штета што некогаш и се случила и може да и се случи на македонската економија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое беше посочено дека новата влада ќе изгради реални економски политики.

-СДС во текот на своето управување со македонската економија покажа како не треба да се води една национална економија. СДС остави над 200.000 луѓе без работа, затвори 684 фабрики, празни рафтови по продавниците и недостаток на продукти. Едноставно кажано економија на работ на ликвидноста. СДС е партија која треба да се срами да го спомне зборовите економија и развој, бидејќи стапката на невработеноста во време додека ја водеа државата беше енормни 38%, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости