Српската амбасадорка може да биде протерана поради српскиот разузнавач во Собрание?

by fokus

Амбасадорката на Србија Душанка Дивјак Томиќ денеска била повикана во Министерство за надворешни работи на Македонија за да даде одговор на прашањето што барал српскиот разузнавач и нејзин советник Горан Живаљевиќ во македонското Собрание за време на настаните на 27 април, пренесува МКД.

Според информациите од МНР, амбасадорката ќе дојде на разговор најверојатно утре, по што наредните чекори ќе зависат од нејзиното објаснување.

„Македонија во овој случај ќе се однесува согласно Виенската конвенција, а тоа значи дека овој случај може да резултитра и со протерување од земјата на српскиот дипломат“, велат од МНР.

Живаљевиќ претходно изјавил дека тој влегол во Собранието за да види дали таму пристуствувале српски државјани, односно навивачи и екстремисти.

Поврзани новости