ВМРО-ДПМНЕ не се огради од физичкиот напад на вицепремиерот Пешевски врз Саше Политико, туку од владејачката партија предупредија дека и следниот пат ќе има вакви последици по Саше Политико и „сличните на него“.
-Следниот пат, и СДСМ и платениците како Политико и слични на него треба да бидат свесни дека ќе се носат со последиците кои се резултат на било кое загрозување на приватност, слобода и права кој секој поединец и субјект независно од функцијата која ја поседува. Глумењето на жртва само претставува доказ за смисленоста на ваквиот инцидент предизвикан од Ивановски, а стимулиран и платен од СДСМ, стои во соопштението на ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека на потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски, денес му бил нарушен интегритетот и бил вознемируван и предмет на вербален, со можност за сериозен физички напад од страна на „платеникот на СДСМ Саше Ивановски кој евидентно ја загрози приватноста, личната безбедност и слободата на движење на Пешевски.“