ДУИ: Македонија од синоќа е посилна

by Фокус

-ДУИ го поздравува вчерашниот договор за единствената отворена точка од 2 Јунскиот договор, која што се однесуваше за формата на Владата која што ќе ги организира предвремените избори, и изразува убедување дека Македонија од синоќа е посилна, ја врати политичката стабилност и се доближи уште повеќе до НАТО и ЕУ, стои во соопштението од ДУИ по повод вчера постигнатиот договор.

ДУИ им се заблагодари на авторитетите од меѓународната заедница за придонесот кон постигнување на конечен договор и изрази почит и за конструктивната улога на партиските лидери во правец на надминување на тешката политичка криза во земјава.

 

Поврзани новости