487
,,Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет, реагираа од опозициската СДСМ.
„Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ.
СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот апетит за деструкција.СДСМ не може да поднесат да гледаат ништо што е изградено, создадено и што претставува паметник за македонската историја. Не им дава мир истовремено многу ги боли бидејќи тие самите се неспособни за ништо креативно – се наведува во партиското соопштение.